Десет Најдобри Извори На Протеини

Протеините, покрај мастите и јагленохидратите се најважните составни делови на секоја храна. Колку протеини треба да внесуваат луѓето е сеуште дискутабилно, но генерално кај нутриционистите постои согласување дека жените помеѓу 19 и 70 години би требало да конзумираат не помалку од 46 грама протеини, а мажите од истата возраст не помалку од 56 грама протеини.

Бидеќи протеините се важен дел од сечија исхрана, а најмногу на спортистите dieti.mk ви ги претставува најдобрите 10 извори на протеини:

1. Сирење. Во 100 грама пармезан, во зависност од видот има од 35,8 до 41,6 грама протеини на 100 грама сирење. Доколку пармезанот во нашите продавници ви е прескап, слободно заменете го со нашето БИЕНО СИРЕЊЕ, бидеќи се работи за слично сирење. Одберете суво и зрело биено сирење. При бирање на сирењето нежно притиснете го со прстите и одберете го она кое е најтврдо. Тоа е добар знак дека во тоа сирење има најмногу суви материи, а со тоа и протеини.

2. Печена соја. Печените соини зрна се одличен извор на растителни протеини. Ги има во секоја подобро снабдена продавница и можат да се најдат во мали пакувања, одлични за една добра протеинска ужина. Во 100 грама печена соја има околу 40 грама чист протеин. На пакувањата печена соја кои можат да се најдат во Македонските продавници е нагласен повисок процент (50%) на протеини.

3. Телешко и јунешко месо. Бирајте посни парчиња на телешко и јунешко месо. Во нив има 36 грама на протеин во 100 грама месо.

4. Семки од тиква и семки од – ЛУБЕНИЦА! Семките од тиква имаат 33 грама протеин на 100 грама семки, а семките од лубеница имаат од 28 до 31 грам високо квалитетни протеини на 100 грама семки. Предпоставувам дека сте изненадени од фактот што семките од лубеница се ставени во оваа листа, но тоа е само доказ дека не сте запознати со источните прехрамбени навики. Во некои африкански земји како Нигерија, семките од лубеница се користат во некои супи и чорби, а во повеќе земји од Азија се собираат и се печат за да бидат послужени како грицки. Сепак за луѓе кои би сакале да изгубат тежина не ги препорачуваме затоа што семките од лубеница имаат 50% масти и имаат висока калорична вредност.

5. Пилешко, мисиркино, јагнешко и свинско месо. Во пилешкото месо има околу 32 грама (бело месо) протеин на 100 грама месо, во свинското околу 30 грама. Сите посни меса или посни делови исчистени од мрсно се добар извор на протеини без премногу внесени калории.

6. Риби. Туна околу 30 грама протеин, а пастрмка околу 27 грама протеин на 100 грама месо.

7. Кавијар. Ако можете да си го дозволите – во 100 грама кавијар има околу 28 грама протеин.

8. Нешто ново што сеуште го нема на нашиот пазар. Намаз од екстракт од квасец. Во него може да се најде 27,8 грама протеин.

9. Во месото на Раковите и Јастозите има околу 26 грама протеин на 100 грама чисто месо. За протеинскиот состав на оклопот немаме информации и не би го препорачале за исхрана.

10. Кикиритки. 23,7 грама протеини во сто грама кикиритки. За жал калоричната вредност на кикиритките е преголема и треба да се конзумираат внимателно и не пречесто.

4 Responses to Десет Најдобри Извори На Протеини

  1. Ви благодарам на исцрпните информации…
    Good blogging!

  2. Pingback: Што е здрава исхрана? | Диети за слабеење и секојдневна здрава исхрана

  3. preteruvate so proteinite tuka citaat luge ne gi lazete ako ne znaete educirajte se pa potoa objavuvajte vakvi raboti

  4. Здраво Тоци,

    Прво да ви се заблагодарам за вашиот коментар иако воопшто не е корисен за нашите читатели, а уште помалку за нас. Просторот за коментирање е оставен за личности кои знаат повеќе од нас, да можат тоа знаење да го споделат со другите, а оние кои сакаат нешто да прашаат или дополнително да им се разјасни истото слободно да го направат.
    Информациите кои се објавени тука се неколку пати проверени пред да бидат објавени. Доколку сметате дека нешто не е точно, укажете на тоа и линкувајте до извор каде се тврди спротивното.
    Нашиот блог ви стои на располагање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

* Copy This Password *

* Type Or Paste Password Here *