Колку калории има во сојата

соини шницли соино млеко печена сојаАко сте љубители на вегетаријанските диети или само сакате да го редуцирате внесувањето на месото, сојата е вистински заменски продукт. Во сојата има многу малку масти, а е богата со протеини и јагленохидрати односно шеќери.

Историски факти: Сојата потекнува од Источна Азија и како растение била масовно одгледувана во Јапонија и Кина. Заслужни за нејзиното ширење во Централна Азија се будистичките калуѓери од каде сојата се раширила низ целиот свет. Успешноста на ширењето на оваа култура се должи на нејзината огроман вредност како храна со одлични карактеристики и одлично избалансиран однос помеѓу протеините, шеќерите и мастите.

Конзумирајте околу 50 до 70 грама на соини шницли во текот на еден ден. Во 50 грама соини шницли има 168 калории, односно 100 грама соини шницли содржат 336 калории. Во соините шницли има 61 процент протеини, 36 проценти јагленихидрати и само 6 проценит масти.
Во 100 грама соини зрна има 432 калории, а процентот на протеини е од 43 до 50, во зависност од врстата на протеини и начинот на припремање.
шницли од соја
Сојата исто така може да се конзумира и во други облици како што се соиното млеко, сирењето, соја сосот, а најлесен и наједноставен начин за конзумирање на сојата се печените соини зрна кои можат да се набават во скоро сите наши продавници во мали пакувања од 70-100 грама па лесно можеме да ги носиме со себе и да ни бидат одлична ужина.
За повеќе идеи како да ја збогатите вашата исхрана со протеини погледнете го нашиот претходен натпис Најдобри извори на протеини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

* Copy This Password *

* Type Or Paste Password Here *