Пет прехрамбени продукти за кои мислите дека се добри

malini i borovinki ovosjeАко држите диета и се обидувате да изгубите неколку килограми, најлошото нешто е неинформирано да се држите до некои сваќања кои модерната медицина и нутриционистика ги има отфрлено. Овие прехрамбени продукти можат да ве саботираат, а вие исфрустрирани да се откажете од уште еден обид и без да знаете зошто вашата диета не е успешна.
1. Прв продукт на листата е пченичниот леб.
Многу луѓе го јадат овој леб затоа што си мислат дека е подобра опција од обичниот бел леб. Може да биде точно, но треба да внимавате дали е направен од цело зрно и/или има додатоци од ’рж и овес. Доколку е така, тогаш лебот е добар затоа што во него има диетални влакна и други состојки кои ќе ви помогнат да го смалите вашето стомаче. Но повеќето од овие лебови се само потемни верзии од обичниот бел леб. Ако е потемен тоа не значи и дека е поздрав. Во повеќето случаеви овие лебови се многу слични по нутритивна вредност.

2. Печени компири.
Без многу калории и со одлична хранлива лушпа, печените компири се многу популарни кај лицата кои држат диета. Но мора да се нагласи дека печените компири содржат доста скроб кој телото го третира на ист/сличен начин како и шеќерот. Дијабетичарите и сите со инсулински отпор (познат и како метаболитички синдром), треба да го избегнуваат скробот бидеќи може да предизвика покачување на гликозата во крвта.

3. Храна без масти
Многу прехрамбени компании ги рекламираат своите продукти како „ Fat-Free “ но забораваат да нагласат дека мастите ги имаат заменето со – шеќери?!
Точно!… Вашата омилена ужина ослободена од масти е всушност шеќерна приказна… Која ви сервира нездрава доза на шеќер… Нестабилното ниво на шеќери во крвта придонесуваат за формирање на стомачно сало. За да не бидете загрижени за количината на скриени шеќери во вашата диета намалете го користењето на процесирана (Fat-Free ) храна и заменете ја со понормална храна во која природно постојат масти, но конзумирајте ја во помали количини. Храната ослободена од масти и замрзнатата храна има зголемено ниво на шеќер и натриум, како и вештачки вкусови (или зајакнувачи на вкус).

4. Диетални газирани пијалаци.
Најновите студии го поврзуваат конзумирањето на диетални пијалаци со метаболитичкиот синдром. Лицата кои конзумираат диетални верзии на своите омилени пијалаци повеќе треба да бидат загрижени за зголемувањето на својата тежина.
Зошто? – Вештачките засладувачи во диеталните пијалоци го залажуваат вашето тело и го предизвикуваат да лачи повеќе инсулин. Овај феномен има двоен ефект. Прво ве прави погладни а второ го навикнува (го прави поотпорно) телото на поголема доза на инсулин. Овие два феномени не се најлошото нешто што може да не снајди ако пиеме вештачки засладени пијалаци. Ваквите пијалаци кои во себе содржат и кофеин (кока кола, пепси…), го тераат телото да произведува Кортисол (cortisol). Кортисолот го приморува телото да влезе во самозаштитен процес при што телото складира масти онаму каде што најмалку ги сакаме – околу појасот.
За крај – некои луѓе се посебно осетливи на зајакнувачите на вкус кои се најдуваат во диеталните верзии на газираните пијалаци. Овие хемикалии предизвикуваат нивото на шеќер да дивее при што можат да се појават проблеми со инсулинот и зголемување на наслагите на стомачни масти.

5. Сок од портокал
Пиењето на сок од портокал е веќе прифатена навика. Но подобро е да изедете еден портокал или јаболко за доручек отколку да се напиете една чаша овошен сок. Овошните сокови често се полни со додаден шеќер. Овошните сокови на кои пишува „без додаден шеќер“ сепак при нивното производство се осиромашуваат од диеталните влакна кои всушност и го прават овошјето добро за нас.
За намалување на телесната маса би ви препорачале денот да го почнете со некој посен протеински доручек и овошје со ниско ниво на шеќери како на пример некои бобинки (боровинки, капини, малини и слично). Вода или незасладен чај во количини од половина до еден литар во првиот час после будењето исто така помага телото потполно да се разбуди и да биде способно да се соочи со целодневните обврски.
За да го промениме нашето тело, прво мораме да го промениме начинот на кој размислуваме за храната. Се надеваме дека овој текст ќе ви помогне барем малку во вашите напори за послаби и поубави вие!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

* Copy This Password *

* Type Or Paste Password Here *