Калории во бананите
Бананите се овошје со планетарна популарност и луѓето секојдневно уживаат во нив. Но за многумина од нас кои следиме диета битен е следниот факт:
Колку калории имаат бананите?
Бананите се трето најпопуларно овошје во светот и пред нив се само јаболката и портокалите. Бананите се овошје кое се одгледува во повеќе држави кои се наоѓаат во тропските области, па постојат и повеќе видови и подвидови на банани. Поради овие причини постојат банани во различни големини, па природно е различни по големина плодови да имаат и различен број на калории.
Со цел да бидеме што е можно поточни, бананите ќе ги поделиме во пет различни големини.

Екстра мали банани: Банана до 15 сантими во должина се смета дека се екстра-мали банани и тие имаат околу 75 калории.
Мали банани: Банана која е меѓу 15 и 17,5 сантими во должина се смета дека е мала банана и има 90 калории.
Калории во средно голема банана: Банана што е меѓу 17, 5 и 20 сантими во должина се смета за средно голема банана и има околу 105 калории.
Голема банана: Банана што е помеѓу 20 и 22,5 сантими во должина, се смета дека е голема банана и има 120 калории.
Калории во екстра голема банана: Банана што е повеќе од 22,5 сантими во должина се смета дека е екстра-голема банана и има околу135 калории.
Се надеваме дека оваа поделба на големината на бананите и вредностите во калории кои ви ги дадовме се доволни за да можете слободно и прецизно да го пресметате дневниот внес на калории, доколку во вашата диета се вклучени и бананите.
Интересен факт е дека тиквата која е растение кое успева и на нашите простори има скоро ист состав како и бананите, односно исти калорични и други прехрамбени вредности. Доколку сакате да имате заменска храна или алтернатива за бананите, слободно можете да ги замените со парче варена или печена тиква.
No comments yet.
Leave a Comment
-
Recent
- Рецепт за Шпагети
- Диети за секој ден
- Калории во бананите
- Пет прехрамбени продукти за кои мислите дека се добри
- Колку калории има во сојата
- Десет Најдобри Извори На Протеини
- Диетата на Пјер Дикан
- Рецепт за зачинети печени компири – 120 калории
- Како да почнете да вежбате
- Колку калории има во едно варено јајце
- Печено пилешко со соја сос – 200 калории
- Колку калории има во едно пиво
-
Links
-
Archives
- April 2012 (1)
- March 2012 (1)
- January 2012 (1)
- December 2011 (1)
- November 2011 (1)
- October 2011 (1)
- March 2011 (8)
-
Categories
-
RSS
Entries RSS
Comments RSS