Диети за секој ден

Има две врсти на диети:

– Диети на кои се придржуваме со челична дисциплина и кои во поголем број од случаевите делуваат и

– Диети на кои се придржуваме првите неколку дена а потоа почнуваме со забушавање… Тие најчесто не ни ги даваат посакуваните резултати.

Затоа диетите не треба да ги сватиме како начин на исхрана во ретки периоди, туку треба да ги усвоиме како нормална исхрана во секојдневниот живот.

Еве неколку прости примери на диети кои ќе ни овозможат да ослабиме.

Доручек (08.00 до 9.00 часот)

Две средни или едно големо јаболко. Следните денови за доручек можеме да имаме една поголема круша или некои други овошја. Доручекот нека биде свежо овошје од 200 до 300 грама. Може и мусли со парченца свежо овошје прелиено со јогурт. Во комбинацијата два до три пати неделно можете да додадете и варени белки од јајца или испржени белки како омлет. Се разбира во тој случај редуцирајте ги другите елементи на доручекот.

Предпладневна ужина (11.00 до 12.00 часот)

Половина пакување печени соини зрна. Можеме да ги комбинираме и со други зрнести плодови како што се лешници бадеми и слично. Дваесет до триесет грама се доволни да ве забавуваат до времето за ручек.

Ручек (13.00 до 15.00 часот)

Салата и пилешки стек или салата со посна плескавица или доколку обожавате сирење тогаш салата и печено парче биено сирење. Салатата нека биде редовна на вашето мени за ручек. Парченце добар леб е одличен додаток на комбинацијата за ручек. Може и чаша црно вино.

Попладневна ужина (16.00 до 17.00 часот)

Дозволено е едно капучино со две велнес колачиња. Доколку морате да ставате шеќер – нека биде кафеав и нека биде во мали количини. Избегнувајте користење на вештачки засладувачи…

Вечера (18.00 – 19.00 часот)

Паста со некаков лесен сос. Можеби арабјата. Со пармезанот или тврдото сирење однесувајте се малку поштедливо. Може да си направите и сендвич со две парчиња леб со зрна, парче протеинско сирење (на пример биено сирење) домат, пиперка, свежа салата. Доколку не можете без мајонез, нека биде малку или нека биде диетален. Сенфот можете да го употребувате нормално.

Во текот на целиот ден конзумирајте вода. Три до четири литри би биле перфектни за лица со зголемена телесна тежина и висок масен индекс.

Доколку се придржувате на оваа диета и со нормална физичка активност би требало да можете да симнете неколку килограми месечно. Ако имате цел да симнете повеќе од 3 кг месечно препорачуваме физичката активност да биде малку по интензивна. На пример еден час брзо пешачење.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

* Copy This Password *

* Type Or Paste Password Here *