Рецепт за Шпагети

Доколку правиме список на најпознатите кујни на светот, сигурно доста високо на списокот би се нашла Италијанската кујна. Причина за ова не е нејзината разновидност, иако тоа не и недостасува, туку големото богатство на лесни и прости рецепти кои откако ќе се послужат не оставаат без здив од богатството на мириси и вкусови. Голем дел од рецептите се толку лесни што може слободно да се рече дека сте завршиле со припремање на храната пред воопшто да сте почнале.

Еден од тие лесни, прости рецепти кои едноставно не можеме да ги згрешиме е и рецептот за Шпагети со маслиново масло, лук и црвена пипер односно:

Spaghetti Aglio, Olio e Peperoncini

Како што и кажува самото име на рецептот се работи за шпагети во кои главни состојки се маслиновото масло, лукот и пеперончините, односно мелена сува црвена пиперка.

За припрема на ова лесно јадење ни се потребни:

  • Едно пакување шпагети.
  • Две поголеми или три помали чешниња лук (една четвртина средна главица).
  • Маслиново масло – 20-30 мл односно колку едно ракиена чашка.
  • црвена пипер, една до две мали лажички, која може да биде фино сомелена како онаа што ја користиме за запршка, крупно мелена како буковка или можеме ситно да издробиме сува црвена пиперка која малку сме ја потпекле.
  • Сол.

Начин на припремање:

Лук и масло Ставете ги шпагетите да се варат.

За тоа време земете 3 чешниња лук и излупете ги. Потоа исецкајте ги на што поситни парчиња. Откако шпагетите ќе се сварат, префрлете ги во сад за цедење.

Лукот заедно со маслото ставете ги во поголем сад на тивок оган малку да се пропржат, но не повеќе од една минутка. Иставете го садот со маслото и лукот од оган и додадете ја црвената пипер. Измешајте добро и во садот додадете ги шпагетите и добро измешајте ги за сосот да може рамномерно да се распореди низ шпагетите.

Сервирајте веднаш додека сеуште се топли. Како додаток и декорација можете да додадете црн бибер, пармезан и слично.

Количината е доволна за 3 лица.

 

рецепт за шпагети со масло и лук

 

 

 

 

 

 

 

Порција шпагети со пиперче

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

* Copy This Password *

* Type Or Paste Password Here *