Диета за време на авионски летови

диета за време на летањеСекое патување предизвикува стрес и нервози. Нарочито ако патуваме со авион и менуваме временски зони. Сепак со мало планирање на нашата диета можеме да избегнеме големи непријатности.

Стресот и нервозата често започнуваат неколку дена пред да полетаме. Каде да купиме авионски билети, што да понесеме со нас, а сепак да не биде целиот наш гардеробер, како да пристигнеме на аеродром? Тоа се само некои од проблемите што треба да ги решиме… За среќа информирањето, резервацијата и купувањето на авионски билети, денес можеме да ги решиме преку интернет. Откако сме купиле или резервирале авио билет, можеме да се концентрираме на другите аспекти на нашето патување, пред се како најдобро да ги поднесиме сите искушениа кои аеродромските гужви, аеродромското обезбедување, полетувањето, самиот авионски лет, слетувањето итн…

Тајната на доброто патување со авион е нашата диета односно исхрана пред и за време на летот. Постои храна која во никој случај не треба да ја конзумираме пред полетувањето или за време на самиот лет.

храна за во авион

Оброк послужен во Сингапур Еарлинес

Пет најлоши оброци кои можеме да ги конзумираме пред и за време на патување со авион:

1. Хамбургери, буреци и слична брза и нездрава храна. Храна која е богата со зачини и маснотии можеби е вкусна, но воопшто не му помага на нашиот организам да се избори со стресот кој се појавува пред и за време на нашето патување.

2. Ова сигурно и вие го знаете. Грав, зелка, кромид, лук и некои други прехрамбени продукти кои предизвикуваат гасови во стомакот и имаат силен мирис и вкус не само што можат да ве засрамат, но се и опасни. Замислете го вашиот надујан стомак во комбинација со притисокот кој владее во авионската кабина.

3. Алкохол. Избегнувајте го алкохолот, затоа што во комбинација со стресот и нервозата, придонесува кон поголема дехидрација на целокупниот организам. Ако сепак инсистирате на некое модерно аеродромско коктелче сервирано во луксузните барови на интернационалните аеродроми или брзо пивце за разделба со најблиските на аеродромот во Скопје или Охрид,  не заборавајте да понесете доволно вода која треба да се конзумира во поголеми количини.

4. Газирани безалхохолни пијалаци. Можеби додека ги конзумираме се чувствуваме добро, но придонесуваат кон подуеноста на стомакот и побрза дехидрација на организамот. Чистиот шеќер што е составен дел на повеќето газирани пијалаци е штетен сам по себе.

5. Продукти со вештачки засладувачи во нив. И вештачките засладувачи можат да предизвикаат гасови во стомакот затоа што едноставно сеуште не сме еволуирале за да можеме да се справиме со овие вештачки комплексни хемиски соединенија. Овие опасни материи кои секојдневно ги употребуваме на некои луѓе делуваат лаксативно, па сте во опасност летот да го поминете во – тоалет!

За крај… Внимавајте со што ве служат за време на авинските летови. Некои авиони имаат танкови со вода која се користи за приготвување на кафе и чај. Некои компании служат и вода од истите, а истата вода се користи и за апаратот кој приготвува мраз. Тестовите кои беа направени пред неколку години од повеќе европски и американски агенции за безбедност на храна покажале дека овие танкови не се исчистени со години, односно не се исчистени од моментот кога авио компанијата го примила авионот од произведувачот.

hrana vo avion

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

* Copy This Password *

* Type Or Paste Password Here *