Здраво Слабеење со Диета 5:2

диета за брзо слабеењеШто е диета 5:2?

Диетата 5:2 е всушност режим на исхрана со која пет денови во неделата можеме да конзумираме што сакаме односно да си јадиме „нормално“, а два дена во неделата мораме да внимаваме што внесуваме во нашето тело.

Поради фактот што оваа диета е многу проста и лесна, во моментов е многу популарна и е диета број еден за многу луѓе со зголемена телесна тежина.

Суштината на диетата е следната: Пет денови во неделата можеме да ги задржиме нашите прехрамбени навики и да конзумираме она што вообичаено го јадеме, а два дена во неделата мораме да се придржуваме на правилото во телото да внесеме не повеќе од 500 калории за жени и 600 калории за мажи. Се разбира доколку внесете 550 калории наместо 500 или за мажи доколку внесете 700 наместо 600 тоа не значи дека диетата е упропастена, туку дека резултатите на диетата нема да бидат толку добри колку што сте очекувале. Доколку правилно ја држите оваа диета можете да очекувате намалување на телесната тежина и до три килограми месечно.

Со ограниченото внесување на прехрамбени материи во организмот во овие два дена, нашето тело „влегува“ во мод на одмарање и поправка на клеточно ниво. Исто така голема корист од оваа диета е што во овие два дена ние му даваме „слободен ден“ на нашиот дигестивен систем и останатите органи (од кои најважен е панкреасот) кои се поврзани со него.

Јас лично ви препорачувам деновите во кои ќе се ограничите на 500 калории да бидат Понеделник и Четврток.

Како изгледа еден од деновите на намалено внесување на калории, односно што можеме да конзумираме овие денови:

Доручек:

– Неколку лажици мусли со семиња и сушено овошје ставени во 150мл диетален јогурт со масленост од 1.5% или

– Омлет од две јајца, една лажица коцкички сирење (по можност биено) половина главица кромид, една поголема пиперка и половина домат.

Ручек:

– Печено пилешко стекче (средна големина) со едно парче леб и салата од сезонски зеленчук или

– Мало тесто за пица кое можеше да го прекриете со малку доматен сос и многу зеленчук. Посипете со пармезан или за време на печењето додадете малку сирење или ситно исечкани коцкички пршута.

Вечера:

– Тост со тврдо (биено) сирење или

– Една шоља млеко со помал процент на масленост и неколку лажици мусли.

 

Заклучок

Пред да се одлучите за оваа диета, би сакал да ви напоменам дека диетата е лесна и забавна. Можеби на прв поглед три килограми месечно не изгледаат многу, но брзото губење на килограми не само што не е здраво туку и е предуслов дека килограмите брзо ќе ги вратите.

За повеќе информации околу оваа диета ви препорачувам да ја простудирате следнава инфографика:

диета 5:2 инфографика

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

* Copy This Password *

* Type Or Paste Password Here *