Category Archives: Калории

Калории во бананите

Бананите се овошје со планетарна популарност и луѓето секојдневно уживаат во нив. Но за многумина од нас кои следиме диета битен е следниот факт:

Колку калории имаат бананите? Continue reading

Колку калории има во сојата

соини шницли соино млеко печена сојаАко сте љубители на вегетаријанските диети или само сакате да го редуцирате внесувањето на месото, сојата е вистински заменски продукт. Во сојата има многу малку масти, а е богата со протеини и јагленохидрати односно шеќери.

Историски факти: Сојата потекнува од Источна Азија и како растение била масовно одгледувана во Јапонија и Кина. Заслужни за нејзиното ширење во Централна Азија се будистичките калуѓери од каде сојата се раширила низ целиот свет. Успешноста на ширењето на оваа култура се должи на нејзината огроман вредност како храна со одлични карактеристики и одлично избалансиран однос помеѓу протеините, шеќерите и мастите.

Конзумирајте околу 50 до 70 грама на соини шницли во текот на еден ден. Во 50 грама соини шницли има 168 калории, односно 100 грама соини шницли содржат 336 калории. Во соините шницли има 61 процент протеини, 36 проценти јагленихидрати и само 6 проценит масти.
Во 100 грама соини зрна има 432 калории, а процентот на протеини е од 43 до 50, во зависност од врстата на протеини и начинот на припремање.
шницли од соја
Сојата исто така може да се конзумира и во други облици како што се соиното млеко, сирењето, соја сосот, а најлесен и наједноставен начин за конзумирање на сојата се печените соини зрна кои можат да се набават во скоро сите наши продавници во мали пакувања од 70-100 грама па лесно можеме да ги носиме со себе и да ни бидат одлична ужина.
За повеќе идеи како да ја збогатите вашата исхрана со протеини погледнете го нашиот претходен натпис Најдобри извори на протеини.

Колку калории има во едно варено јајце

Во едно средно големо варено јајце има околу 65 до 70 калории.

калории во едно варено јајце

Калории од масти има околу 40 до 45, бидеќи во јајцето има цели 5 грама масти.

Холестерол има многу. Околу 185 милиграми кои се дури 62% од дневните човекови потреби. Натриум има 122 милиграми (5% од дневните потреби), Калиум 55,23 милиграма, а шеќери само половина грам. Јајцата се богати со протеини и во едно средно по големина јајце има околу 5,5 грама протеини (11% од дневните потреби). Микроелементите и витамините се застапени со Витаминот А со 5% од дневните потреби, Калциумот со 2% од дневните потреби, Железото со 3% од дневните потреби, Витаминот Е со 1%, Тиаминот со 1%, Рибофлавинот со 11%, Фолната киселина со 5%, Витаминот Б6 со 3%, Витамин Б12 8%, Фосфор 8%, Магнезиум 1% и Цинк 1% од ДП.
Само белката од јајцето „тежи“ 16,5 калории, а има 3,5 грама протеини. Белката од јајцето скоро и да нема шеќери односно јагленихидрати, а исто така не содржи масти. Затоа многу спортисти и бодибилдери, бираат да јадат само белки од јајца, бидеќи се одличен извор на протеини неоптоварени од „лошите“ масти и шеќери.

Печено пилешко со соја сос – 200 калории

Печени пилешки копани

Овој рецепт е многу лесен и веројатноста дека може да го згрешите е минимална. Вкусот е фантастичен, а припремата е кратка. Одговара за сите оние пренапорни работни денови, кога после работа не сте способни за ништо, но сепак сакате да си ја разгалите душата со домашна и свежо припремена храна.

За 4 лица ви се потребни следниве состојки:

4 пилешки копани со докопани

2 лажици соја сос

Малку лук во прав Continue reading

Колку калории има во едно пиво

девојка на плажа пие пиво

Во едно мало шише (330 мл) светло пиво, има околу 150 калории.

Калории од масти нема затоа што во пивото воопшто нема масти. Холестерол исто така нема, но има 18 милиграма Натриум, 90 милиграма Калиум, околу 13,5 грама шеќери и околу 0,7 грама диетални влакна. Во пивото има и околу 1,1 грам протеини. Се разбира, околу 12 грама од количината отпаѓаат на алкохол. Од другите микроелементи во пивото се застапени и Калциумот со 2% од дневните потреби, Тиаминот со 1%, Железото со 1%, Рибофлавинот со 5%, Ниацинот со 8%, Фолна Киселина со 5%, Витамин Б6 со 9%, Витамин Б12 со 1%, Фосфор со 4%, Магнезиум со 5% и Бакар со 2% од дневните потреби.