Category Archives: Ослаби без диета

Здраво Слабеење со Диета 5:2

диета за брзо слабеењеШто е диета 5:2?

Диетата 5:2 е всушност режим на исхрана со која пет денови во неделата можеме да конзумираме што сакаме односно да си јадиме „нормално“, а два дена во неделата мораме да внимаваме што внесуваме во нашето тело.

Поради фактот што оваа диета е многу проста и лесна, во моментов е многу популарна и е диета број еден за многу луѓе со зголемена телесна тежина.

Суштината на диетата е следната: Пет денови во неделата можеме да ги задржиме нашите прехрамбени навики и да конзумираме она што вообичаено го јадеме, а два дена во неделата мораме да се придржуваме на правилото во телото да внесеме не повеќе од 500 калории за жени и 600 калории за мажи. Се разбира доколку внесете 550 калории наместо 500 или за мажи доколку внесете 700 наместо 600 тоа не значи дека диетата е упропастена, туку дека резултатите на диетата нема да бидат толку добри колку што сте очекувале. Доколку правилно ја држите оваа диета можете да очекувате намалување на телесната тежина и до три килограми месечно.

Со ограниченото внесување на прехрамбени материи во организмот во овие два дена, нашето тело „влегува“ во мод на одмарање и поправка на клеточно ниво. Исто така голема корист од оваа диета е што во овие два дена ние му даваме „слободен ден“ на нашиот дигестивен систем и останатите органи (од кои најважен е панкреасот) кои се поврзани со него. Continue reading

Десет Најдобри Извори На Протеини

Протеините, покрај мастите и јагленохидратите се најважните составни делови на секоја храна. Колку протеини треба да внесуваат луѓето е сеуште дискутабилно, но генерално кај нутриционистите постои согласување дека жените помеѓу 19 и 70 години би требало да конзумираат не помалку од 46 грама протеини, а мажите од истата возраст не помалку од 56 грама протеини. Continue reading

Ослабете без диети

Oslabete bez dieti

Не можете да ги смените вашите прехрамбени навики?

Тогаш овие наши совети за слабеење без диета добро ќе ви дојдат.

1. Испијте барем половина литар вода, веднаш откако ќе се разбудите. Тоа е не само добар начин да ја надоместите водата која сте ја потрошиле за време на ноќниот сон, но е и вистински начин потполно да го разбудите вашиот организам. Во текот на денот морате да конзумирате вода во количина која е за 25 пати помала од тежината на вашето тело. Значи доколку имате 80 килограми, минималната количина на вода која треба да ја внесете е 3,2 литри, а за 100 кг – 4 литри.

2. Испланирајте повеќе физички активности. Половина час пешачење претпладне и половина после пладне можат да ги потрошат калориите кои сте ги внесле со вашиот најобилен оброк. Ако не можете да најдете време за пешачење, одделете барем по 10 минути и искористете ги за качување и слегување по скали. Се разбира ние не сме врвни експерти за диети и фитнес, па не морате да не послушате. Можете едноставно да си „измислите“ друга физичка активност која добро би ве загреала и испотила. Continue reading