Category Archives: Рецепти

Рецепт за Шпагети

Доколку правиме список на најпознатите кујни на светот, сигурно доста високо на списокот би се нашла Италијанската кујна. Причина за ова не е нејзината разновидност, иако тоа не и недостасува, туку големото богатство на лесни и прости рецепти кои откако ќе се послужат не оставаат без здив од богатството на мириси и вкусови. Голем дел од рецептите се толку лесни што може слободно да се рече дека сте завршиле со припремање на храната пред воопшто да сте почнале.

Еден од тие лесни, прости рецепти кои едноставно не можеме да ги згрешиме е и рецептот за Шпагети со маслиново масло, лук и црвена пипер односно:

Spaghetti Aglio, Olio e Peperoncini

Како што и кажува самото име на рецептот се работи за шпагети во кои главни состојки се маслиновото масло, лукот и пеперончините, односно мелена сува црвена пиперка. Continue reading

Рецепт за зачинети печени компири – 120 калории

Ова е брз и лесен рецепт за печени компири, кој по мое мислење е одличен додаток за секое месо, но може да се припремат за да се конзумираат како лесен ручек, вечера или ужина. Мешавината на зачини, тревки, како и маслиновото масло и лимоновиот сок е прекрасна и гради еден специфичен вкус кој е нов за овие наши простори. Се на се одличен начин за да припремиме компири а да не бидат досадни. Рецептот е за 4 лица.

За овој рецепт ни се потребни следниве состојки:

Два големи (или 3 средни) компири, излупени и исечени на долги парчиња.
1 лажица иситнет рузмарин,
1 лажица иситнет естрагон,
1 лажица иситнет магдонос,
¼ лажица сомелен ким,
2 лажици маслиново масло
1 лажица лимонов сок – за сите мерки употребувајте супени лажици.
Сол и бибер по потреба.

зачинети печени компири

Припрема:

Загрејте ја рерната на 170 до180 степени целзиусови. Компирите измиени и исушени измешајте ги со зачините, тревките, маслиновото масло и лимоновиот сок.
Потоа ставете ги во тава за печење на која претходно сте ставиле хартија за печење. Печете околу 25 минути или проверете дали се крцкави и со златеста боја.
Можете да ги конзумирате како лесен додаток со главен оброк или како ужина или лесен оброк.

Нутриционистички информации (по оброк):

Калории: 120
Масти: 6,9 г.
Холестерол: 0 мг.
Натриум: 37,5 мг.
Шеќери: 14 г.
Диетални влакна 2,1 г.
Протеини 1,3 грама.

Печено пилешко со соја сос – 200 калории

Печени пилешки копани

Овој рецепт е многу лесен и веројатноста дека може да го згрешите е минимална. Вкусот е фантастичен, а припремата е кратка. Одговара за сите оние пренапорни работни денови, кога после работа не сте способни за ништо, но сепак сакате да си ја разгалите душата со домашна и свежо припремена храна.

За 4 лица ви се потребни следниве состојки:

4 пилешки копани со докопани

2 лажици соја сос

Малку лук во прав Continue reading