Category Archives: Uncategorized

Диета за време на авионски летови

диета за време на летањеСекое патување предизвикува стрес и нервози. Нарочито ако патуваме со авион и менуваме временски зони. Сепак со мало планирање на нашата диета можеме да избегнеме големи непријатности.

Стресот и нервозата често започнуваат неколку дена пред да полетаме. Каде да купиме авионски билети, што да понесеме со нас, а сепак да не биде целиот наш гардеробер, како да пристигнеме на аеродром? Тоа се само некои од проблемите што треба да ги решиме… За среќа информирањето, резервацијата и купувањето на авионски билети, денес можеме да ги решиме преку интернет. Откако сме купиле или резервирале авио билет, можеме да се концентрираме на другите аспекти на нашето патување, пред се како најдобро да ги поднесиме сите искушениа кои аеродромските гужви, аеродромското обезбедување, полетувањето, самиот авионски лет, слетувањето итн…

Тајната на доброто патување со авион е нашата диета односно исхрана пред и за време на летот. Постои храна која во никој случај не треба да ја конзумираме пред полетувањето или за време на самиот лет. Continue reading

Што е здрава исхрана?

Што е тоа здрава исхрана?

Доколку читаме, гледаме или ги слушаме нутриционистите и експертите за здрава исхрана, добиваме впечаток дека секоја храна е корисна или штетна за нешто. Храната која за определена личност со определени здравствени и физички предиспозиции е корисна, лесно може да биде штетна за личност која има спротивни предиспозиции.

здрава храна

На пример, храната која е богата со протеини е корисна за личности кои сакаат да го намалат процентот на телесни масти и да го зголемат процентот на мускулна маса, но е штетна за личности кои имаат определени проблеми со бубрезите.

Затоа не треба „слепо“ да се држиме до препораките и советите кои најчесто ги восприемаме од медиумите, но самите да се едуцираме и да пронајдеме што би можело да се дефинира како здрава или корисна исхрана за нас самите.

Како да постапуваме со најзастапените прехрамбени продукти а да не згрешиме? Continue reading

Диети за секој ден

Има две врсти на диети:

– Диети на кои се придржуваме со челична дисциплина и кои во поголем број од случаевите делуваат и

– Диети на кои се придржуваме првите неколку дена а потоа почнуваме со забушавање… Тие најчесто не ни ги даваат посакуваните резултати.

Затоа диетите не треба да ги сватиме како начин на исхрана во ретки периоди, туку треба да ги усвоиме како нормална исхрана во секојдневниот живот.

Еве неколку прости примери на диети кои ќе ни овозможат да ослабиме. Continue reading

Калории во бананите

Бананите се овошје со планетарна популарност и луѓето секојдневно уживаат во нив. Но за многумина од нас кои следиме диета битен е следниот факт:

Колку калории имаат бананите? Continue reading

Колку калории има во сојата

соини шницли соино млеко печена сојаАко сте љубители на вегетаријанските диети или само сакате да го редуцирате внесувањето на месото, сојата е вистински заменски продукт. Во сојата има многу малку масти, а е богата со протеини и јагленохидрати односно шеќери.

Историски факти: Сојата потекнува од Источна Азија и како растение била масовно одгледувана во Јапонија и Кина. Заслужни за нејзиното ширење во Централна Азија се будистичките калуѓери од каде сојата се раширила низ целиот свет. Успешноста на ширењето на оваа култура се должи на нејзината огроман вредност како храна со одлични карактеристики и одлично избалансиран однос помеѓу протеините, шеќерите и мастите.

Конзумирајте околу 50 до 70 грама на соини шницли во текот на еден ден. Во 50 грама соини шницли има 168 калории, односно 100 грама соини шницли содржат 336 калории. Во соините шницли има 61 процент протеини, 36 проценти јагленихидрати и само 6 проценит масти.
Во 100 грама соини зрна има 432 калории, а процентот на протеини е од 43 до 50, во зависност од врстата на протеини и начинот на припремање.
шницли од соја
Сојата исто така може да се конзумира и во други облици како што се соиното млеко, сирењето, соја сосот, а најлесен и наједноставен начин за конзумирање на сојата се печените соини зрна кои можат да се набават во скоро сите наши продавници во мали пакувања од 70-100 грама па лесно можеме да ги носиме со себе и да ни бидат одлична ужина.
За повеќе идеи како да ја збогатите вашата исхрана со протеини погледнете го нашиот претходен натпис Најдобри извори на протеини.