Tag Archives: Диета 5:2

Здраво Слабеење со Диета 5:2

диета за брзо слабеењеШто е диета 5:2?

Диетата 5:2 е всушност режим на исхрана со која пет денови во неделата можеме да конзумираме што сакаме односно да си јадиме „нормално“, а два дена во неделата мораме да внимаваме што внесуваме во нашето тело.

Поради фактот што оваа диета е многу проста и лесна, во моментов е многу популарна и е диета број еден за многу луѓе со зголемена телесна тежина.

Суштината на диетата е следната: Пет денови во неделата можеме да ги задржиме нашите прехрамбени навики и да конзумираме она што вообичаено го јадеме, а два дена во неделата мораме да се придржуваме на правилото во телото да внесеме не повеќе од 500 калории за жени и 600 калории за мажи. Се разбира доколку внесете 550 калории наместо 500 или за мажи доколку внесете 700 наместо 600 тоа не значи дека диетата е упропастена, туку дека резултатите на диетата нема да бидат толку добри колку што сте очекувале. Доколку правилно ја држите оваа диета можете да очекувате намалување на телесната тежина и до три килограми месечно.

Со ограниченото внесување на прехрамбени материи во организмот во овие два дена, нашето тело „влегува“ во мод на одмарање и поправка на клеточно ниво. Исто така голема корист од оваа диета е што во овие два дена ние му даваме „слободен ден“ на нашиот дигестивен систем и останатите органи (од кои најважен е панкреасот) кои се поврзани со него. Continue reading