Tag Archives: dieta dikan

Диетата на Пјер Дикан

Pjer Dikan

Кој е Пјер Дикан односно Pierre Dukan? Француски доктор и нутриционист кој пред десетина години, буквално стана селебрити со својата диета заснована на внесување на храна богата со протеини. Неговата книга буквално се разграбуваше од рафтовите на француските книжарници, а во последниве 10 години е преведена на повеќе светски јазици. Пјер Дикановата диета е круна на 35 годишни клинички истражувања, а неговите колеги се на мислење дека оваа диета е темел на решавањето на прекумерната телесна тежина, која е еден од најгорливите проблеми на современиот човек.

Во што е тајната на неговата диета?
Па… Добриот доктор Дикан развил концепт на диета која се заснова на протеинска храна. Кај нутриционистите е добро познат фактот дека протеините се употребуваат за градење на телото и при нивно внесување организмот се чувствува заситено, за разлика од внесувањето на шеќерите и мастите кои само на кратко не залажуваат, а се корисни само за на телото да му обезбедат доволно енергија за функционирање. Но, проблемите со исхраната во последниве децении е во тоа што имаме стотици „проблематични храни“ кои претежно содржат јагленихидрати, односно шеќери и масти, а многу малку протеини.

Затоа Др. Дикан, изготвил диета која се состои претежно од храна која е богата со протеини, но увидуваќи дека оваа диета е тешка за остварување, ја поделил во неколку фази и во некои од нив дозволува внес и на храна која сакаме да ја јадеме и е богата, како со протеини, така и со јагленохидрати (шеќери) и масти.
Диетата е поделена на четири фази.
1. Фаза – НАПАД (Нападна фаза).
2. Фаза – КРСТОСУВАЧКА (фаза на крстарење).
3. Фаза – Консолидирање (фаза на консолидирање).
4. Фаза – Стабилизација (Фаза на стабилизација на организмот).
Траењето на фазите, директно зависи од бројот на килограмите што сакате да ги изгубите. Обично првата фаза трае од 2 до 5 дена, но може да трае и подолго, но не се препорачува повеќе од 10 дена.

Прва фаза – Напад! Во оваа фаза е дозволено внесување на храна во која доминираат протеините. Значи треба да конзумирате: Телешко месо, јунешко, говедско, пилешко месо, мисирка (но не и месо од гуска или пајка). Наведените дозволени меса можат да се јадат и пушени, но претходно исчистени од масти. Месото може да се припрема на скара или печено, а може и варено. Не е дозволено месото да се пржи или при спремањето да се користат било какви масла или масти. Дозволена е и морска храна. При тоа внимавајте да биде варена, печена или пушена. Ако е конзервирана со вода е дозволена, но не и со масло. Белки од јајца во неограничени количини, но не и цело јајце (цело јајце само 2-3 пати неделно). Дозволено е обезмастено млеко, обезмастен јогурт и обезмастено сирење. Немојте да мамите со овошен јогурт, затоа што ќе ја упропастите целата диета. Како што спомнавме, треба да пиете повеќе вода, при што е дозволена само обична.

Од зачини, дозволени се повеќето, а можете да конзумирате и оцет, различни тревки како магдонос, мајчина душичка, а дозволено е и малку кромид и лук. Сол и сенф во многу мали количини. Можете да пиете и диетални газирани сокови, но без претерување (не повеќе од 1 л дневно). Можете да користите и вештачки засладувачи како и бонбони без шеќер.
Сите овие состојки можете да ги конзумирате во количини кои не се ограничени, освем ако не не поинаку наведено.
Ако планирате да симнете до 5 кг, оваа фаза може да трае 2-3 дена. За време на оваа фаза можете да изгубите еден до два килограми. Доколку планирате да изгубите 10 килограми оваа фаза би требало да трае 3 до 4 дена, а ќе изгубите 2 до 3 кг. Доколку планирате да изгубите 20 кг, траењето е 5-6 дена а ќе изгубите 3 до4 килограми. За губење на повеќе од 20 килограми, Нападната Фаза треба да трае барем седум дена, но не повеќе од десет. За време на оваа фаза, освем внесување на храна богата со протеини треба да го зголемите и внесувањето на вода. При оваа фаза се препорачува намалена физичка кативност.

Втората, таканаречена Крстосувачка Фаза е поделена на две под фази. Едната од овие подфази е времето во кое ќе можете да конзумирате се што е наведено во фазата 1 (Нападната фаза), но и зеленчуци како што се: Домати, краставици, пиперки, ротквица, спанаќ, брокули, аспарагус, праз, зелка, печурки, целер, анасон, црн домат, сите видови на салата. Морков и цвекло во мали количини. Другата подфаза е фазата во која можете да конзумирате само она што е дозволено во фазата 1 (Нападната фаза). Значи Крстосувачката фаза е фаза во која наизменично ќе можете да јадите протеинска храна комбинирана со зеленчук и само протеинска храна. Овие две фази, по препорака на самиот доктор Дикан треба да се менуваат на секои 5 дена, но не е погрешно доколку ги менувате и на 4 дена. Во оваа втора фаза можете да очекувате губење на еден до два килограми неделно. Оваа фаза трае до моментот кога сте ги изгубиле посакуваните килограми.

Третата фаза или фазата на консолидирање по правило би требало да трае девет дена за секој изгубен килограм во претходинте 2 фази. Значи доколку во првите 2 фази сте изгубиле 10 килограми, оваа фаза би требало да трае 3 месеци. На овај начин му даваме на телот време да се консолидира од диетата и да се навикне на новите правила на игра. Во оваа фаза можете да конзумирате се пто беше дозволено во 2 фаза и тоа без менување на подфази. Значи продолжувате секојдневно да конзумирате месо и зеленчук, а сега можете да јадете и по 2 овошки дневно (ги препорачуваме за доручек), но не и банани, грозје, цреши и јаткасти плодови. Сирење, но не повеќе од 40 грама дневно. Скробни храни како што се шпагетите, кускус, леќа, ориз и компири но само 2 пати неделно. Две парчиња леб дневно. Еднаш до два пати неделно можете да јадете и јагнешко, свинско и шунка.
Добрата вест во 3 фаза е што можете да си дозволите два оброка неделно, без да се лишувате од било што, но мораат да бидат одделени барем со еден ден помеѓу. Значи можете слободно да имате оброк заедно со вино и десерт.
Се разбира дека тоа не значи да „отепате“ цело шише вино и половина торта!

Во четвртата фаза или фазата на стабилизирање ви е дозволено да си го вратите вашиот нормален живот и да се храните „нормално“, со надеж дека поимот нормално сега за вас има ново значење. Во оваа фаза морате еден ден во неделата да конзумирате протеини, односно еден ден од првата фаза.
Се разбира оваа 4 фаза трае засекогаш.

Се надеваме дека оваа диета ја објаснивме најдобро што можеме. Некои автори за 2 фаза го користат и поимот „фаза на слабеење“, а 4 фаза ја нарекуваат „Крстосувачка“. Се надеваме дека со доброто објаснување на фазите се исклучува било каква забуна. Доколку користите помошна литература само следете ги упатствата за фазите по нивниот реден број.

Како и при секоја друга диета пред да почнете да ја користите, консултирајте се со вашиот матичен лекар или уште подобро со стручњак нутриционист.